July 21, 2019 02:57
Македонија

Обилни врнежи од снег во западниот дел на земјава

Времето е променливо облачно и претежно тивко, во западните делови на земјава има локални врнежи од снег. Наместа дува слаб ветер со променлив правец.

Под влијание на влажен и студен бран ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Дневната температура ќе достигне од -3 до 2 степена.

Во Скопје, ќе има повремени врнежи од снег, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максимална температура до -1 степен.

И утре ќе има врнежи од снег, повторно повеќе во западните делови и снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Нови вести

Катица го изгубила вториот мобилен во Белград

Igor

Од 30 минути до еден час се чека на ГП Богородица

Daniela

Героски со порака до Фрики и Кики: Еве што треба да сторите во следните 48 часа!

Daniela