February 23, 2019 20:41
Свет

Обид за подметнување пожар во домот на претседателот на Француското национално собрание

Во Мотреф, Финистер, во домот на претседателот на националното Собрание на Франција, Ричард Феран, додека беше на службено патување, е направен обид за подметнување  пожар, за што е отворена истрага, јави дописникот на МИА.

Осудувајќи го како „сериозен чин”, претседателот на Националното собрание, Ричард Феран, изјави дека поднел пријава во петокот вечерта по „намерниот” обид за подметнување пожар во неговиот приватен дом во Финистер, за чие „криминално потекло изгледа не постојат сомненија”.- Ништо не ги оправдува заплашувањата, ништо не го оправдува насилството и деградацијата, напиша Феран на Твитер, објавувајќи две фотографии на кои може да се види опожарената врата.

Обвинителот на Брест, Жан-Филип Рекапе изјави дека „тоа е подметнат пожар, според прелиминарните резултати од истрагата”.

– Нема сомнение, најдовме остаток од гума, очигледно и гориво. Еден сосед видел дека некој сака да запали оган. Ова не е главното живеалиште, во куќата не живееше никој. Еден прозорец е скршен. Нема тагови кои овозможуваат да се поврзат со „жолти елеци”, нема преземање на одговорноста, нема непријателско влегување во домот, рече обвинителот Рекапе, кој потврди дека е отворена истрага.

Неколку домови и парламентарни канцеларии на пратеници од редовите на мнозинската Република во движење беа деградирани од почетокот на движењето на „жолтите елеци” во ноември, а некои од нив беа и предмет на закани на социјалните мрежи.

Претседателот Макрон и премиерот Филип го осудија овој чин со реакции на Твитер.

Related posts

Украинското МНР со протестна нота за Русија

Igor

Ел Чапо ќе се жали на пресудата

Ivona

Уште едно дете почина во американски притвор за мигранти

Filip