August 2, 2021 20:09
Македонија

Обезбедена помош за 2204 компании од угостителската дејност- 5,77 милиони евра за поддршка на 11.236 работни места

На денешната седница, усвоена е одлуката со која е овозможена поддршка за вкупно 2204 компании од угостителската дејност, коишто со одлука на Влада, беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април, или вкупно 21 ден.

 Компаниите од угостителската дејност со приоритетни шифри на дејност според Националната класификација на дејности, 56.10, 56.29, 56.30, имаа можност да се пријават на отворениот повик за финансиска поддршка, пришто од вкупно 2406 пристигнати апликации, 2204 се целосни, додека 202 апликанти, не се со соодветна шифра на дејност, или имаа регистрирано подружници под една од споменатите шифри.

Вкупниот промет којшто го имаат остварено компаниите со овие гореспоменатите шифри, во 2019 година изнесуваше 11, 83 милијарди денари, додека во 2020 година прометот изнесуваше 8,5 милијарди денари.

 Вкупната поддршка на сите компании, врз основа на просечниот месечен приход за 2019 и 2020 година, на кој се аплицира износ од 30 % помножен со бројот на денови во кои овие компании беа затворени во април оваа година, изнесува 183.891.911 денари, или околу 3 милиони евра. Дополнително, секоја од компаниите добива и поддршка по 15. 200 денари за секој вработен според ефективните работни часови. Од апликациите е утврдено дека станува збор за 11.236 вработени, односно по овој основ компаниите ќе бидат поддржани со 170.784.920 денари или околу 2,78 милиони евра.

Вкупната финансиска поддршка за сите 2204 компании кои ги исполниле условите на јавниот повик е во износ од 354.656.831 денари или 5,77 милиони евра.

AnimeHeaven Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Air: The Motion Picture (Dub) (https://animeheaven.pro/m/lwxZ) Episode Full

https://wcostream.cc animes online. Watch DD Fist of the North Star 2: Strawberry Flavor Plus Episode 12

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. makuranodanshi Episode 12

GoGoAnime Sites Google: https://sites.google.com/view/gogoanime-official/home