June 28, 2022 01:52
Балкан

Обдукцијата потврди: Телото е на Матеј Периш, причина за смртта е давење

Првичните сознанија од обдукцијата која е завршена врз телото кое вчера беше извлечено од водите на Дунав, потврдуваат дека станува збор за Матеј Периш.

Според првичните информации причина за смртта е давење. Токсиколошките анализи ќе бидат готови за три недели.

Неговото тело било извлечено од морнари вчераутро околу 9 часот и 30 минути. Телото е пронајдено на местото наречено Ада Хуја, осум километри низводно од местото каде што е виден последен пат.

Телото на младиот човек го пронашол капетан на брод, Милован Зеленовиќ.

„Одевме по палубата и видовме како водата носи тело. Ветерот го донесе, пловеше низводно по Дунав. Потоа пристигна полицијата. Телото беше во фаза на распаѓање, едно момче кое помина, провери на интернет и виде дека е облечен исто како Матеј Периш. Имаше една бела патика и црна маица. Кога човек ќе се удави тој е свртен со телото кон долу“, рече Зеленовиќ.

Телото е пронајдено четири и пол месеци по исчезнувањето на сплиќанецот. Матеј исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември. Истрчал од клубот „Готик“, трчал низ белградските улици, се обидел да запре такси, а потоа, како што може да се види на снимка од надзорната камера на ресторанот „Саванова“, се спуштил по скалите кон Сава. Но, не се гледа дека влегол во водата.

После тоа почна голема потрага, а српската полиција со недели вршеше увид во Сава и Дунав. Истрагата беше проследена со бројни шпекулации, но и теории на заговор.

go88 rút tiền link tải go88 cho iphone Go88 Live - Thiên Đường Cờ Bạc, Nổ Hũ Trực Tuyến

chơi game sunwin online sunwin ông già noel bắt cầu tài xỉu sunwin