June 25, 2022 22:57
Свет

Обвинителството побара доживотен затвор за рускиот војник кому се суди за воено злосторство во Украина

Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник на кого во Киев му се суди за воени злосторства, бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил.

На вториот ден од судењето, обвинителот побара од судот „доживотна казна” за Вадим Шишимарин (21),пренесуваат француските медиуми.

Рускиот војник побарал прошка од вдовицата на украинскиот цивил за убиството на нејзиниот сопруг.

Овоа е прво судење за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, што почна на 24 февруари.

Шишимарин вчера призна дека на 28 февруари го убил невооружениот 62-годишен цивил, Олександр Шелипов, во североисточното украинско село Чупахивки.

play go88 mã giao dịch go88 dang ky go88

game bài sunwin truc tuyen