Хроника

Обвинителството бара притвор за возачот кој вчера ја прегази 24-годишната девојка кај „Сити мол“

Скопското јавно обвинителство побара притвор за вчерашната сообраќајна несреќа кај Т.Ц. Сити Мол.

Скопското јавно обвинителство бара притвор за вчерашната сообраќајна несреќа во која животот го загуби 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, а нејзин врсник беше повреден и пренесен на болничко лекување.

Во соопштението на ОЈО се вели дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода согласно член 301 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомниченио управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница“, стои во соопштението од Обвинителството.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа.

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците или вештаците и со тоа да ја попречува кривичната постапка, како и оправдан страв дека би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

22-годишното момче веќе е префрлено во Кривичниот суд каде ќе му биде извршен распит и ќе се знае дали ќе му биде одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Дваесет и две годишниот скопјанец кој вчера ја усмрти дваесет и четиригодишната девојка на булеварот Партизански одреди не бил под дејство на алкохол, покажуваат првичните анализи на крвта и урината, објави телевизија Телма.

Полицијата попладнево во Обвинителството ја достави пријавата против возачот.

Од Обвинителството преку соопштение информираа дека по наредба на јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатата и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции. Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата“

Трагичната незгода се случи вчеравечер нешто по 19.30 часот на раскрсница во непосредна близина на „Сити мол“ кога дваесет и двегодишниот скопјанец со неговиот автомобил удрил во Николова. Младата девојка починала на лице место, а нејзиниот пријател со набиеници бил пренесен во Клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје. Од Клиниката информираа дека момчето немало сериозни повреди и бил пуштен на домашно лекување, но се наоѓал во длабок шок по инцидентот.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 4

Record of Ragnarok

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

dubbed anime AnimeHeaven Dragon Ball Super (Dub)

My Hero Academia Season 3 (Dub) Episode 23