April 11, 2021 11:25
Хроника

Обвинителни предлози за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно 9 лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина. Сите се обвинети дека во издвоени кривично-правни настани сториле кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје тие прикажувале како вистински лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. На странските државјани, врз основа на признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје веќе им изрече пресуда со која ги огласи за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Исто така, изречена им е и казна протерување на странец од земјата во траење од пет години.​

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (https://crunchyrollfree.com/m/WEEn) Episode 7 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll is it free

The Irregular at Magic High School: Visitor Arc (Dub) Episode 13 at website https://kissanimeonline.com kissanime discord