Македонија

Обвинителите од СЈО и денес на работа, Јовески ги задолжил да ги чуваат предметите кои ги застапуваа пред суд

Обвинителите од СЈО и денес пристигнаа на работа иако вчера Советот на јавните обвинители реши да ги врати во обвинителствата каде што претходно работеа. Обвинителите ќе бидат на работа и во наредните неколку дена, бидејќи обвинителот Љубомир Јовески ги задолжил да ги чуваат предметите кои ги застапуваа пред суд. Републичкиот јавен обвинител Јовески набрзо ќе треба да одлучи за секој предмет поединечно, односно кое обвинителство е надлежно и кои обвинители ќе продолжат да ги застапуваат предметите пред суд.