August 24, 2019 10:04
Хроника

Обвинение за разбојници кои нападнале и ограбиле мигранти

ОЈО Скопје поднесе обвинение против две лица од вкупно петмина за кои имаше донесено наредба за спроведување истражна постапка за кривичното дело разбојништво од член 237 став 1  во врска со член 22.

Двајцата обвинети кои се опфатени со обвинението, на 28 јуни во селото Трубарево, во непосредна близина на една бензинска станица, со употреба на сила нападнале двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра.

Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви, ги претепале и им одзеле пари и други предмети во вредност од 75.000 денари.

Заедно со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

За тројцата кои беа осомничени и опфатени со наредбата за спроведување истражна постапка,  обвинителството по завршување на истражната постапка утврди дека нема докази дека го сториле кривичното дело, па затоа донесе Наредба за запирање на истражна постапка.

Нови вести

Четворица од 13 мигранти повредени  во сообраќајката синоќа пренесени на Скопските клиники

zane

Возило со мигранти удри во камион и се запали, едно лице загина

Filip

Скопјанец осомничен затоа што во домот држел муниција

Filip