October 23, 2020 05:40
Спорт

Обамејанг: Имав понуда од Барса, но сакав да останам во Арсенал

Првата ѕвезда на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг проговори за одлуката за продолжување на договорот со лондонскиот клуб.

  • Имав неколку понуди. И од Барселона и од други клубови. Приоритет ми беше да останам во клубот од две причини. Првата е тренерот, Микел Артета. Разговаравме многу за време на изолацијата, и тој ме убеди.

Второ, се разбира, тоа е љубовта што ја добивам од навивачите и луѓето во клубот. Од првиот ден сум овде како свој и имам намера да продолжам да играм за овој клуб, рече Аубамејанг во етерот на „Canal Football Club”.