Спорт

Обамејанг зкачали маларија додека бил во Габон

Капитенот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг ја откри причината зошто не е во составот на „топчиите“ за вечерашниот натпревар против Славија Прага. Обамејанг потврди дека додека бил во Габон каде играл за својата репрезентација го закачил опасниот вирус маларија по кој морал да биде хоспитализиран во Лондон.

Напаѓачот во својата објава напиша дека се чувствува многу подобро по примениот третман и дека наскоро ќе се врати на терените.

– За жал закачив Маларија додека бев со националниот тим на Габон пред неколку недели. Поминав неколку денови во болница и веќе се чувствувам многу подобро од ден на ден, а тоа е така благодарение на одличните доктори кои брзо го детектираа вирусот, а потоа и ме лечеа. Не се чувствував добро претходните недели, но ќе се вратам посилен наскоро. Сега ќе ги гледам моите момци, голем натпревар за нас. Напред Арсенал -напиша Обамејанг на својот Инстаграм профил.

Додека тој лежи во болница, неговите соиграчи веќе ја завршија работата по првиот дел од гостувањето во Прага затоа што веќе водат со недостижни 3:0 против чешкиот тим.

AnimeTV dragon ball super anime tv: Black Clover (https://animetv.cc/m/Qq9m) Episode 170

AniWatch anime sites: The Hidden Dungeon Only I Can Enter (https://aniwatch.pro/m/YvWq) Episode 12