October 1, 2022 13:24
Свет

ОАЕ: 100 отсто од населението вакцинирани со најмалку една доза

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека тие се првата земја во светот што вакцинирала 100 отсто од своето население против коронавирус со најмалку една доза, јави ДПА.

Околу 90 отсто од населението досега примиле вкупно две дози вакцини против вирусот, според Управата за управување со кризи и катастрофи (НЦЕМА).

Според податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД, ова исто така ја прави заливската држава светски лидер во целосната вакцинација.

Севкупно, земјата администрирала речиси 22 милиони дози вакцини кај нејзините речиси 10 милиони жители, објави NCEMA преку Твитер. Земјата веќе дава и трета, засилувачка доза..

Обединетите Арапски Емирати сега имаат двоцифрени новозаразени на дневно ниво. Минатата недела, две лица починаа од последици од Ковид-19. Земјата од самиот почеток постави брзо темпо во својата кампања за вакцинација.

Сингапур, со речиси 88 отсто, и Португалија, со речиси 87 отсто, исто така имаат добра стапка на целосна вакцинација.