December 10, 2022 00:23
Спорт

Нуњез: Кога Клоп зборува, ништо не разбирам

 Уругвајскиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез изјави дека не може да ги разбере упатствата на тренерот Јирген Клоп. 

– Искрено, кога зборува Клоп, ништо не разбирам. Секако, барам од соиграчите да ги објаснат неговите зборови. Во секој случај, сигурен сум дека Клоп е сосема јасен за тоа што сака да добие од играчите на теренот, изјави Нуњез за „ESPN GB”. 

Во сезоната 2022/23, Нуњез одигра четири натпревари за Ливерпул во Премиер лигата, постигна еден гол и направи една асистенција.  

Дваесет и тригодишниот фудбалер се пресели во Ливерпул на 1 јули 2022 година од Бенфика за 75 милиони евра.