March 2, 2021 21:14
Македонија Скопје

Нуредини: Апсолутно е неточно дека претходниот статус на заштита на Водно бил од повисоко ниво

Овој процес кој е сега пред крајот за конечно остварување на интегрираната заштита на Водно, е резултат пред се на обврската за репрогласување на заштитените подрачја во државата согласно новата регулатива и современите стандарди. Апсолутно е неточно дека претходниот статус на заштита бил од повисоко ниво, како што е и неточно дека категоријата заштитен предел е најниската категорија согласно Законот за заштита на природата, потенцираше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во изјава за МИА.
Тој нагласи дека категоријата се утврдува врз основа на Студијата за валоризација на природните вредности, која, како што потенцираше, била изработена од тим на експерти и професори, со поддршка на УНДП и по која имало низа расправи.
–  Оттаму произлезе и иницијативата за прогласување, по која исто така имавме позитивни мислења, од клучни субјекти, како на пример МАНУ. Додека Шумарскиот факултет не се произнесе, но сепак, ги изнесе своите ставови на јавната расправа, за што сме благодарни. Како што кажав, целта на јавните консултации е дебата, добивање на мислења и забелешки за доаѓање до најдоброто решение за заштитата на добрата од јавен интерес, наведе министерот.
Нуредина за МИА ја даде изјавата откако „Го сакам Водно” и О2 иницијатива” на социјалните мрежи објавија реакции за досегашниот процес за носење нова заштита за Водно.
– Во име на веќе доставеното барање за Водно, потпишано од 38 здруженија и иницијативи, сите ислушани јавни расправи досега и имајќи ги предвид бројните студии и експерти кои проговорија јасно и гласно за сестраната и комплексна важност на Водно, го повикуваме Министерот да ги објасни сите изјави и ставови што прострујуваат низ медиумите овие денови дека Министерството има изготвен став, и тоа изнесен во јавност преку Владата 4 дена пред највените меѓуинституционални средби, наведоа од „Го сакам Водно” и О2 иницијатива” .
Тие, откако истакнаа дека вчера се одржал привиот технички состанок во МЖСПП врзан за процесот за носење нова заштита за Водно ( како Заштитен Предел согласно ЗЗП), запрашаа како се одвивал, кој бил повикан и присуствувал, што се договарало, како и што се заклучило.
– Министре Насер Нуредини, зарем веќе имате заземено официјален став на Министерството?!, Зарем сета дискусија и јавна расправа е само про-форма?!,  Кога ќе ја сослушате и експертизата која гласно говори?!, До кога зад затворени врати, само меѓу неколку институции?!,  Транспарентноста недостасува. Се говори за значајно подрачје од јавен интерес!! Да потсетиме: се расправа за нацрт-одлука, а не за имплементирање на веќе донесена Одлука и уште помалку се расправа за План на управување, потенцираа организациите.
Нуредини истакна дека многу сериозно пристапиле на сите коментари и грижи, и токму затоа го започнале процесот на координација со сите останати институции кои се надлежни во останатите аспекти кои биле изнесени при дебатата за заштита на Водно, покрај природата.
– Вчера се одржа првата координација на техничко ниво со МЗШВ и ЦУК, денеска имаше повторно меѓусекторска координација во Управата за ЖС, сектори за води и природа и Секторот за просторно планирање во МЖСПП, а за четврток е закажан уште еден состанок со Градот Скопје како надлежна општина и иницијатор на постапката, Министерство за одбрана, МЗШВ, ЦУК, МТВ и тн. Ова е нацрт Одлука и дебатата е отворена. Меѓутоа, идното интегрирано управување значи носење на План за управување кој не исклучува, туку напротив може да го имплементира во целост и Планот за ерозии и поплави, просторниот план итн. Не смееме да заборавиме дека сите овие аспекти се уредени со законска регулатива, дека урбанистичкото планирање е надлежност на општините и дека идната интегрирана заштита е возможна со добра координација и исполнување на сите обврски, посочи Нуредини во изјавата на МИА.
Тој наведе дека доколку при анализите се исцрпат сите средства и се исполнат сите обврски и надлежности, но се утврди дека навистина е потребно за Водно да се креира нов закон со поинаков режим, ќе се започнат иницијативи за таа процедура. Сепак,  како што рече, верувам дека после долго време сме сите свесни дека е потребно да го заштитиме Водно што поскоро.
– Ние сме во постојана координација со Владата и не гледам апсолутно никаква неконзистентност во изнесените ставови од моја страна, службите на МЖСПП или Владата на РСМ. Да, минатата недела додека се уште се добиваат мислењата и коментарите по Нацрт-Одлуката, јас изјавив дека ќе се разгледаат сериозно и темелно сите коментари и дека ќе направиме координација со сите други надлежни органи, и ќе ги размислиме сите опции. Владата чекаше од нас како надлежен орган за водење на постапката за прогласување на Водно за заштитен предел да ги собереме и проанализираме добиените забелешки и да го дадеме стручниот став. Ние ја информиравме Владата за следните чекори, а тоа е дека во делот на заштитата на природата не добивме забелешки, меѓутоа дека од аспект на останатите прашања за кои беа изнесени грижи, ќе продолжиме со дополнителни консултации и координација помеѓу релевантните институции и Градот Скопје како иницијатор на постапката, образложи Нуредини.
Тој додаде дека експертските процени биле оти додека не се разгледаат и исцрпат сите законски алатки и системски решенија за справување со ерозијата, поплавите, просторното планирање и заштита на природата, нема потреба од посебни закони кои би излегувале од институционалната и правна рамка на државата.

Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! (https://gogoanime.be/m/p0D2) Episode 3 at website https://gogoanime.be gogoanime twitter

Wonder Egg Priority Episode 7 at Crunchyroll crunchyroll free anime