October 26, 2020 19:43
Економија

НУК достави до Министерството за економија краткорочни и долгорочни предлог-мерки за угостителската индустрија  

Независната угостителска комора (НУК) денеска на состанокот на Кординативното тело што се одржа во Министерството за економија ги достави предлозите за краткорочни и долгорочни мерки.

На состанокот учествуваа претставници на сите комори, асоцијации и здруженија на туризмот во земјава.

-Предлог досегашните т.н. протоколи да се заменат по примерот на светот со препораки за превенција и заштита во справување со пандемијата КОВИД-19, да се унифицираат препораките за целокупната индустрија, ревидинирање на постојните правила и правилници за угостителската индустрија, воведување ред во угостителската дејност, угостителските објекти во кои не се почитуваат препораки за работа – да бидат пломбирани (затворени) до крајот на пандемијата и да немаат право да користат субвенции и други мерки како што се државни кредити и гаранции, дефинирање казнена политика за непочитување на спроведување на препораките зашто постојната казнена политика за непочитување на т.н. протоколи за работа не даде соодветни резултати, наведува Комората.

Во краткорочните мерки, НУК предлага итна достапност на повластени долгорочни државни кредити или долгорочни државни гаранции за одржување на ликвидноста на угостителите, субвенции за зачувување на работните места – угостителските работници, да се врати мерката во висина на нето плата за тие што работат висина од 15.000 денари, на угостителските објекти што се затворени или не можат да работат да им се обезбеди мерка за плата во висина на бруто плата од 24.000 денари, а загрозените угостителски работници кои останале без работа поради рационализација на трошоците кај угостителите да преминат во посебно формирана агенција или Завод за вработување и од таму да се користат на работа во угостителските објекти при што секој угостителски објект ќе партиципира во платата.

Се бара и ослободување или субвенција за закупнини за деловен простор во сопственот на државата и локалната самоупраа за угостителска дејност и трошоците за поставување на урбана опрема кај локалните самоуправи, како и целосно ослободување од обврските кон јавните претпријатиа, целосно ослободување од закупнини за деловниот простор што е сопственост на државните фирми за стопанисување со деловен простор, целосно ослободување од закупнини за деповен простор даден под закуп од локалните самоуправи и намалување на 50 отсто на закупнини за деловен простор кој се користи од приватниот сектор.

-Субвенција за угостители кои користат сопствен деловен простор за угостителска дејност, ослободување и од сите трошоци за користење за поставување  урбана опрема на јавни површини – т.н. летните тераси од локалната управа и Град Скопје и кириите кон јавните претпријатија. Ако неможе да се ослободат, да се даде субвенција во висина на платени трошоци за поставување урбана опрема, се дел од предлозите.

Од долгорочните мерки се предлага формирање фонд за подршка и инвестиции, ургентно донесување одлука наместо постојната даночна стапка од 18 и пет отсто да се донесе мерката за унифицирање на данокот на додадена вредост на сите угостителски услуги на 10 отсто ДДВ и целосно ослободување на данок на добивка за наредните пет години за реинвестирање на добивка во унапредување на угостителската индустрија, долгорочни субвенции за надоместување на штетите направени во изминатите шест месеци, како и штетите што следуваат за времетраење на пандемијата.

НУК бара и да се ревидираат Законот за угостителска дејност и правилниците на државните инспекторати за да се почне постапка за усогласување на постојната законска регулатива со регулативата на ЕУ, како и да се изготви целосен регистар и попис на угостителски објекти со цел нивна правилна евиденцијиа и класификација, а потоа, врз основа на регистарот да се направи проценка на загубите во секторот и правилник за субвенција и право на користење на државни кредити или државни гаранции.