February 2, 2023 01:58
Балкан

Ноќеска повторно земјотрес го стресе Петриње

Ноќеска во 2 часот по полноќ земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот на Банија во Хрватска, јавува тамошната Сеизмолошка служба.

Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри од Петриње во Глинске Пољане, а бил почувствуван дури до Загреб.

Овој регион во последните две години постојано го тресат земјотреси. Во земјотресот кој го погоди на ден пред Нова година во 2020 година, загина тинејџерка. Многу објекти, куќи и згради беа тешко оштетени.