January 16, 2019 00:25
Магазин

Ноќевање во хотел со роботи во Јапонија – рчењето не е пожелно

Јошихиса Ишикава одлучил да преноќи во хотел во западниот дел на Јапонија, во кој место луѓе работат роботи, но наместо мирна ноќ – го дочекало изненадување. Тој бил разбуден неколкупати во текот на ноќта од кукла асистент која влегувала во неговата соба и постојано го прашувала: „Се извинувам, но не успеав да разберам што сакате. Ќе можете ли да го повторите вашето барање?”

Дури во 6 часот изутрината тој сфатил што е проблемот, неговото силно рчење го активирало роботот.

Роботите во овој уникатен хотел изгледа не се познати по своето гостопримство. Откако беше отворен во јавноста во 2015 година, познатиот хотел Henn na, или ,,Чуден” хотел, признаен од Гинисовата книга на светски рекорди како прв хотел со роботи во светот, сега се откажува од своите слаби дроиди.

Досега хотелот се откажа од половина од своите 243 роботи, најчесто поради тоа што тие создаваа многу повеќе проблеми и работа, отколку што го олеснуваа работењето.

,,Полесно е сега без нив, затоа што многу често гостите нè викаа да дојдеме и да ги решиме проблемите што настанале со роботите”, вели еден вработен кој три години работи во хотелот.

Роботи и други уреди што би можеле да бидат корисни за индустријата и во угостителство сè почесто се користат во САД. Хотелите во синџирите на Yotel и Aloft во САД користат роботи кои доставуваат пошта и пијалаци во собите. Кинеската компанија за електронска трговија ,,Алибаба” го лансираше хотелот во кој роботите ја презедоа улогата на келнери, а примерот го следат и други угостителски објекти.

Но, обидот на јапонскиот хотел не ги даде очекуваните резултати. Една од целите на хотелот била да се надмине недостигот на работна сила со користење роботи за носење багаж, за мешање коктели и за чистење. Хотелот се наоѓа во рурална област каде што има сериозен недостиг на работници.

Хотелот започна да работи со околу 80 роботи. Почетната позитивна реакција ги охрабри да додадат многу повеќе за забава за гостите, како кучиња роботи кои танцуваат во холот или риби роботи во аквариумите. Но, одеднаш почнале да се појавуваат проблемите. Роботите  почнале сè почесто да се расипуваат или да создаваат дополнителни проблеми, па било неопходно да се ангажираат повеќе вработени за да се справат до дополнителниот обем на работа.

Related posts

Бебе борец – го исклучиле од апарати, но продолжило да дише

Valentina

Шестгодишно дете ја освои јавноста на аудиенција кај папата

24info

Тејлор Свифт патува во куфери за да ги избегне папараците

Igor