November 27, 2021 18:09
Магазин

Норманите стигнале до Северна Америка во 1021 година

Викинзите изградиле населба на северноамериканското тло пред 1.000 години, неколку века пред да пристигне италијанскиот морепловец и истражувач Кристофер Колумбо во овој дел од светот, покажа ново истражување.

Нова техника со радиоактивен јаглерод Ц-14, којашто ги користи сончевите бури во историјата што точно може да се датираат, како и годовите на дрвото за изградба, потврди дека Норманите стигнале до Њуфаундленд (Канада), уште во 1021 година. Одамна е познато дека Европејците стигнале до Америка пред Колумбо и пошроката европска јавност да дознаат за Новиот Свет во 1492 година. Меѓутоа, сега првпат некој излезе со точно утврден датум.

Наодот е објавен во списанието „Нејчр” (Nature).

„Подробно истражување на канадските паркови му претходеше на поврзувањето на овие објекти со древните народи на северот. Дрвените предмети несомнено се обработувале со метален алат”, се вели во студијата.

Според наводите, Ланс о’Медоуз на самиот север на островот Њуфаундленд е првата и досега единствената откриена викиншка населба во Северна Америка, но и најстариот доказ за освојувањето на Новиот свет од Европејците.

https://gogoanime.be fairy tail gogoanime

AnimeTV: Milky Passion: Dougenzaka - Ai no Shiro anime episode Full online free at https://animetv.cc netflix anime tv shows

Website https://animefreak.ws: Watch Pokémon: The Mastermind of Mirage Pokémon (Dub) animefreak Episode Full my hero academia animefreak

Tenkuu Senki Shurato: Sousei e no Anto Episode 6

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official