Спорт

Норич по само една година се врати во Премиер лигата

Екипата на Норич сити избори враќање во првата англиска фудбалска лига по само една година мината меѓу второлигашите и тоа на четири кола пред крајот на сезоната.

Норич попладнево во рамки на 42. коло профитираше од резултатите на главните конкуренти Свонси и Брентфорд, кои не успеаја да победат на домашен терен. Свонси одигра 2:2 против Вукомб, додека Брентфорд ремизираше без голови против Милвол. Двата резултати го обезбедија Норич дека не може да заврши подолу од второто место.

Водечкиот Норич, кој вечерва од 21 часот игра против Бурмунт, има 90 бодови, осум повеќе од второпласираниот Ватфорд и недостижни 14 пред третиот Брентфорд.

Директен пласман во Премиер лигата обезбедуваат двете првопласирани екипи, додека тимовите од третото до шестото место разигруваат за последното, трето место, кое води во англиската фудбалска елита.

4Anime persona 4 the animation online: The Promised Neverland (https://4anime.biz/m/XvAq) Episode 12

KissAnime kissanime: Watch Attack on Titan Episode 20 (https://kissanimeonline.com/m/GM/ep-20)