March 2, 2021 15:03
Свет

Норвешка избра неутрален терен за мундијалските квалификации поради ковид-рестрикциите

Репрезентацијата на Норвешка ќе го игра својот прв натпревар на домашен терен во квалификациите за Светското фудбалско првенство во шпанскиот град Малага, каде на 27 март ќе ја пречека репрезентацијата на Турција.

Причина за преместувањето на квалификацискиот натпревар од Осло во Малага се рестриктивните мерки што се на сила во земјата поврзани со пандемијата на коронавирус, соопшти денеска Фудбалската федерација на Норвешка.

Норвешкиот клуб Молде минатата недела својот прв натпревар од осминафиналето во Лига Европа, исто така, го одигра на „домашен терен” во Шпанија, пречекувајќи ја екипата на Хофенхајм во градот Виљареал.

Kuroko's Basketball 2 (https://animetv.cc/m/Gyp) Episode 25 at website https://animetv.cc. See more anime tv anime tv

High School DxD Hero (Dub) (https://animeflix.nl/m/15J9) Episode 12 at website https://animeflix.nl. See more animeflix inuyasha