Норвешка денеска ги поддржа плановите на Финска и Шведска за влез во НАТО и покрај критиките од Турција.
„ Не знаеме што навистина мисли Турција, но од норвешка перспектива, ние сме 100 отсто зад Финска и Шведска доколку решат да аплицираат за членство во НАТО“, рече норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хитфелд при доаѓањето на состанокот со колегите од НАТО во Берлин, објави „Ројтерс“.
„ Ова ќе ја зајакне и нордиската соработка, бидејќи по Втората светска војна избравме поинаку, така што мислам дека ова сега е историски момент“, додаде таа.
Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра се согласи со неа, велејќи дека е важно сите членки на НАТО да покажат единство.