August 18, 2019 21:48
Магазин

Норвешката принцеза во врска со шаман што сака момчиња

Норвешката принцеза Марта Луиз (47) неодамна ја шокираше јавноста кога на социјалната мрежа објави дека е во врска со шаманот Дурек, на кого вистинското име му е Дерек Вaрет (44). Принцезата не кажа како се запознале, но, наводно, се во врска од ноември минатата година.

Пред неколку дена, шаманот слета во Осло со две внуки, а принцезата го пречека на аеродромот. Двојката започнува турнеја во пет скандинавски градови во кои ќе одржи семинари, работилници и медитации наречени „Принцезата и шаманот” и „Активирана божественост“, и нивната цена е помеѓу 416 и 896 круни.

„Да се заљуби во клиент беше последното нешто во умот на шаманот Дурек, но привлечноста меѓу нив беше фатална. Обајцата веруваат дека се познавале во претходните животи и во овој живот може да помогнат во лекувањето на светот со своето племе, нивните следбеници. Дурек верува дека бил цар во минатиот живот и дека тој и принцезата Марта биле маж и жена во повеќе животи“, изјави нивен пријател за „Дејли Мејл“.

Норвешката принцеза се разведе во 2016 година по 14 години брак од сопругот Ари Бех со кого има три деца. Британските медиуми пишуваат дека Марта била привлечена од духовноста на шаманот.

Варет, пак, тврди дека своите шамански способности ги почувствувал кога имал само две години, а денес на неговите сеанси доаѓаат ѕвезди како Гвинет Палтроу (46) и Нина Добрев (30).

Нови вести

Руските сателити наскоро ќе бидат невидливи од Земјата

Igor

Топењето на Гренланд го достигна нивото предвидено за 2070 година

Igor

Водата на Аљаска е толку топла што веќе ни рибите не можат да издржат

Igor