Светското ракометно првенство за мажи кое се одржува во Египет влегува во својата завршница со денешните четвртфинални дуели. Првата нокау-фаза на мундијалот ја отвораат бранителот на трофејот, актуелниот светски првак Данска и домаќинот Египет од 17.30 часот.
Преостанатите три средби од оваа фаза : Шпанија – Норвешка, Шведска – Катар и Франција – Унгарија се играат од 20.30 часот.
Победниците ќе се пласираат во полуфиналето.