June 16, 2021 16:23
Спорт

Нов трипл-дабл за Јокиќ за осма победа во низа на Денвер

Никола Јокиќ продолжува со импресивните изданија во дресот на Денвер нагетс, со кои одличниот центар се наметнува како главен кандидат за МВП-признанието за регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.

Тој одигра извонредно на дуелот со Сан Антонио, предводејќи го Денвер до триумф од 121-119 со нов трипл-дабл, реализирајќи 26 поени, 14 скокови и 13 асистенции. Ова беше 13. трипл-дабл оваа сезона, a 54. во карирата на Србинот, за осми триумф во низа на Денвер и јасна најава дека овој тим добро да темпира формата за завршницата на сезонава.

Јокиќ сега има сезонски просек од 26,3 поени, 10,9 скока и 8,8 асистенции со високи 57%  реализација. Покрај него во историјата на најсилото натпреварување само Расел Вестбрук и Оскар Робертсон успеале сезоната да ја завршсат со 25/10/8 во најважните категории. Јокиќ засега има подобар просек, тој е првиот кој до нив дошол со реализација од над 55%.

Јокиќ во кариерата сега има 81 меч на кој имал 10+ асистенции со што го мина легендарниот Вилт Чембрлен во конкуренција на центри во историјата на НБА лигата.

Чикаго загубо на гостувањето во Атланта и покрај феноменалното изздание на Зек Левајн, кој постигна 50 поени. Вучевиќ оствари дабл-дабл од 25 поени и 10 скокови, но и тоа не им помогна на „биковите“, додека кај Атланта најрасположен беше Тре Јанг, постигнувајќи 42 поени, осум скокови и девет асистенции.

Бостон во драматична завршница дури по продолжение ја совлада Минесота со 145-136. Во главна улога беше Тејтум со 53 поени, од кои асот на Бостон дури 18 постигна во последната четвртина и во продолжението.

Милвоки беше непријатно изненаден од Шарлот, губејќи на домашен терен со 119-127. Клучно беше слабото издание на Адетокумбо, кој постигна само 12 поени, па најефикасен кај Милвоки беше Нвора со 26 поени.

Резултати НБА:

Орландо – Индијана 106-111, Бостон – Минесота 145-136 (по прод.), Њујорк – Мемфис 133-129 (по прод.), Атланта – Чикаго 120-108, Њу Орлеанс – Филаделфија 101-94, Денвер – Сан Антонио 121-119, Милвоки – Шарлот 119-127, Голден Стејт – Вашингтон 107-110, ЛА Клиперс – Хјустон 126-109.

AnimeFreak old animefreak: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 10

4Anime 4anime reddit: Redo of Healer Episode 12