January 26, 2021 18:44
Магазин

Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Холивудскиот актер Арми Хамер е обвинет дека е канибал и садист откако во јавност излегоа низа пораки кои наводно ги испраќал на неколку жени. Иако пораките не се верификувани, жените кои ги објавија пораките споделија и приватни фотографии кои наводно им ги пратил актерот, пренесе Daily Mail.

Дури и поранешната сопруга на Арми е „шокирана“ од наводните пораки на актерот, во кои тој со други жени дискутира за БДСМ, канибализам и фантазии за силување.

Хамер стана главна тема на Twitter по серијата објавени експлицитни пораки на Instagram, кои наводно ги испратил на некоја жена, а се објавени анонимно од сега веќе приватниот профил House of Effie.

„Јас сум 100 проценти канибал. Сакам да те изедам“, гласи една од пораките. Во друга размена, вели: „Морам да испијам твојата крв“.

Во некои пораки кон жената се обраќа како на робинка и вели дека „сака да ѝ исече прст од нозете“, но изразува и желба за доминација над неа.

„Ти живееш само за да ми се покориш и да бидеш мој робинка. Би ти исекол ножен прст и би го чувал во џеб, така секогаш ќе имам дел од тебе“, пишува во една од пораките.

Засега, Арми се нема обратено во јавност по повод овие контроверзни коментари. Наводните пораки на 34-годишниот актер не се верификувани, но негативните реакции не стивнуваат…

Преземено од Кајгана

The Daily Life of the Immortal King Episode 15 at KissAnime kissanime

My Hero Academia Episode 13 at Crunchyroll crunchyroll apple tv free