February 2, 2023 03:00
Свет

Нов силен земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Јава и Бали во Индонезија, соопшти индонезиската агенција за следење на земјотресите.

Земјотресот се случил во близина на јужниот брег на провинцијата Источна Јава, на длабочина од 10 километри и 305 километри југозападно од Денпасар, Бали, објави Ројтерс.

Се додава дека овој земјотрес нема потенцијал да предизвика цунами.

Локалните власти проверуваат дали има штета предизвикана од земјотресите, кои силно се почувствуваа во провинцијата Источна Јава и во Бали, велат жителите на социјалните мрежи.