December 3, 2022 10:29
Свет

Нов силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди мексиканската држава Мичоакан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од 80 километри, се прецизира во извештајот.

По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами,пренесе Блиц.рс.