August 13, 2022 17:15
Скопје

Нов саботен приемен ден за жителите на општина Кисела Вода

Продолжуваат приемните денови за жителите на општина Кисела Вода. Денес, со градоначалникот Ѓорѓиевски, средба остваруваат преку 40 граѓани.

На заедничка маса се дискутира околу проблемите што ги имаат и динамиката на нивното решавање, а се изложуваат и многу идеи и предлози за реализација на нови проекти.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги информира за преземените активности и плановите на локалната самоуправа кои се поврзани со нивното место на живеење. Граѓаните пак, поочија на новонастанатите проблеми, за што добија уверување за побрза реакција, секаде каде што решението е во надлежност на Општина Кисела Вода, бидејќи, како што потенцираше градоначалникот, подобрувањето на условите за живеење е во заеднички интерес и негова примарна цел.

Приемните денови ќе продолжат со несмалена динамика. Се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.