January 24, 2020 09:43
Економија Македонија

Нов Предлог-закон за Финансиска полиција за зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал

Владата на Република Северна Македонија на својата трета редовна седница го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци.

– Со ново предложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно Планот 3-6-9 на Владата во областа борба против организиран криминал и корупција кој предвидува зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓу институционална рамка со зајакната рамка за спроведување истраги и конфискација на имот на постситематска и функционална основа, соопшти владината прес-служба.

Нови вести

ВМРО-ДПМНЕ: Режимот на Заев е недемократски, хибриден и коруптивен

Igor

СДСМ инвестира во иднината, по 3.000 денари месечно за младите работници вработени во производството и земјоделството

Igor

Најмногу снег во Маврови Анови, најстудено во Берово

Valentina