October 27, 2020 09:52
Економија

Нов потрошувачки кредит од Халкбанк со грејс период од 6 месеци за дополнително олеснување на финансиската состојба на клиентите

 Потрошувачки кредит со грејс период од 6 месеци и со каматна стапка од само 5% фиксна за првите 2 години е новиот производ на Халкбанк АД Скопје со кој банката излегува пресрет на сите оние кои имаат потреба од дополнителни средства во ова тешко време зафатено од пандемијата со ковид-19, а истовремено сакаат да почувствуваат релаксираност во отплатата придружена со 6 месеци грејс период.

Новиот потрошувачки кредит за физички лица е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите две години, односно 5,5% променлива каматна стапка за останатиот период; со рок на отплата до 120 месеци; максимален износ до 1.500.000,00 МКД и истиот е без провизија за обработка. Единствените трошоци за кредитот се 150 денари за апликација за кредит и надомест во висина од 350 денари за добивање податоци од Кредитното биро кои се наплаќаат доколку кредитот е одобрен.

Како обезбедување кон овој кредит вклучени се осигурителните полиси од Халк Осигурување АД, полиса од незгода која изнесува 600 денари на годишно ниво или Пакет полиса за осигурување, во зависност од износот на кредитот. Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот, а ги содржи следните ризици:

  • Неможност за враќање на кредит – смрт од која било причина, смрт од незгода, и
  • Осигурување од незгода – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање на постоечки кредитни изложености во други банки. Сите заинтересирани можат да аплицираат за овој тип потрошувачки кредит најдоцна до 30.11.2020 година.