June 25, 2022 22:15
Хроника

Нов инцидент од насилни Британци-украле такси во Ченто па направиле сообраќајка

Продолжуват инцидентите предизвикани од британски државјани кои зачестија во изминатиов месец во Скопје, но и во Неготино. Последниот се случил денеска во Ченто.

-Денеска во 05.45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто”, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија. Околу 01.50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Само за потсетување, на 20.05.2022 во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино, а Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

За разлика од претходниот инцидент, на 11.05.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(37) од Велика Британија  пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект на ул.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, тој и неговите пријатели Д.И., С.Д.Х, И.С.Л. и Л.К. биле физички нападнати од четири лица, исто така, од Велика Британија. При тоа еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда на раката.

На 27.04.2022 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Кеј „13-ти Ноември”, во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир. Од полициски службеници од Полициската станица Центар било излезено на местото на настанот и било констатирано дека И.Л.Т.(48) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир на јавно место со карање, викање и дрско однесување, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Во соопштението од МВР стои дека исто така и Н.Ј.Д.(34) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир и постапил спротивно на наредба на полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

Поврзани вести

Фото галерија: „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“- мото на овогодинешното издание на „Скопје прајд“

Valentina

(Фото- Видео):Почна парадата на гордоста

Valentina

ССМ притисокот го продолжува на улица- од понеделник ќе го блокира Скопје

Igor

chơi go88 online

https://sunwin.fan/