August 22, 2019 00:48
Свет

Нов инцидент во Заливот: САД собори ирански воен дрон

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека американскиот воен брод USS Boxer соборил ирански воен дрон над теснецот Хормус, главниот морски премин во Персискиот Залив преку кој  поминуваат огромен број нафтени танкери, а во кои се наоѓа и американскиот брод.

Американските извори тврдат дека нападот е дефанзивен чин, со оглед на тоа што иранската страна ги игнорирала барањата дронот да се оддалечи од USS Boxer.

– Ова е само последното во низа провокативни и непријателски ирански потези против бродовите во меѓународните води. Америка има право да ги брани своите вработени, објекти и интереси и ги повикува сите држави да ги осудат напорите на Иран да се мешаат во слободната пловидба и глобалната трговија, рече Доналд Трамп.

 

Нови вести

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Filip

Во авион на шпански Евелоп повредени 14 лица поради турбуленции

Filip

Макрон: Да се реши украинската криза пред приемот на Русија во Г-7

Filip