August 14, 2020 10:29
Свет

Нов Зеланд: Уапсен маж затоа што избегал од карантин, му се заканува висока парична казна или 6 месеци затвор

Полицијата соопшти дека 32-годишен маж избегал од карантин во хотелот „Краун плаза“ во Окленд. Тој на излезот се претставил како работник, а откако не сакал да застане на барање на обезбедувањето, човекот почнал да бега. Набргу потоа човекот биле уапсен, недалеку од хотелот каде што се наоѓал во карантин.

Човекот, чиј идентитет не е откриен, поминал еден ден во карантин по доаѓањето од Бризбејн.

Против него ќе биде поднесено обвинение врз основа на Законот за одговор на јавното здравје на Ковид-19, поради што би можел да добие голема парична казна или казна од шест месеци затвор, потврди полицијата.

Властите на Нов Зеланд бараат од сите патници да поминат 14 дена во карантин во специјални објекти наменети за тоа по пристигнувањето во земјата.

Нов Зеланд ги затвори своите граници веднаш по избувнувањето на пандемијата и воведе строги мерки за карантин. Досега, во оваа земја се забележани повеќе од 1.500 случаи на инфекција со коронавирус,од чии последици починаа 20 лица.