September 27, 2020 15:29
Скопје

Нов асфалт за „Ловќенска“ 4 во Козле

Општина Карпош ја реконструираше улицата „Ловќенска“ 4, во населбата Козле. Имено, поставен е нов асфалт на оваа сообраќајница во должина од 530 метри и широчина од 3,5 метри. „Ловќенска“ 4 повеќе години беше во руинирана состојба, поради што беше отежнато движењето на граѓаните кои живеат во овој дел од Карпош.

Со обновата на улицата, се олеснува пристапот до нивните домаќинства, но и се зголемува сообраќајната безбедност.

Во изминатиот период, се реконструираа повеќе улици во Карпош: „Новопроектирана“ во Криви Дол, 12 пристапни улици во Бардовци, „Вангел Дину“ во Влае 2 и др.

Локалната самоуправа продолжува со тековното одржување на инфраструктурата, но и со изведба на нови улици, особено во периферните делови на Карпош.