December 7, 2022 20:39
Македонија

Нов ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури на Институтот за радиологија

 Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе го посети Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, каде ќе биде пуштен во употреба нов најсовремен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, кој е единствен од ваков тип кај нас и во соседните држави. 
Апаратот е во вредност од 47.2 милиони денари, набавен со средства од Министерството за здравство.