November 27, 2020 18:14
Спорт

Новопечениот репрезентативец, Мусовски стрелец во дербито на Лос Анџелес

Новопечениот македонски фудбалски репрезентативец, Даниел Мусовски го реши големото градско дерби во МЛС лигата меѓу неговиот Лос Анџелес и екипата на ЛА Галакси.

Мусовски погоди во 58. минута со еден фантастичен лоб и успеа да донесе голема радост за својот тим за предност од 1:0. Победата на домашните ја потврди Карлос Вела во 4. минута од дополнителното време за игра.

За Лос Анџелес ова беше осмата сезонска победа.

Мусовски пред неколку дена и официјално прифати да игра за Македонија, и сега се чека само добивањето на македонскиот пасош (неговите родители имаат) за да може да настапува за Македонија. Селекторот Игор Ангеловски најави дека ќе го повика во националниот тим за ноемврискиот репрезентативен прозорец.