March 27, 2019 02:24
Магазин

„Новогодишна Зоо бајка“ во Зоолошката градина во Скопје

Овој викенд, во Зоолошка градина Скопје за првпат ќе се одржи дводневна забава за деца- „Новогодишна Зоо Бајка“.

Од 12 до 16 часот најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма и во двата денови. Во сабота и недела од 12 часот е закажана претставата „Новогодишно чудо“ со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете.

За крај, во едукативниот центар е планирана проекција на анимираните филмови „Зоотопиа“ и „Фрузен“. Влезниците се по цена од 100 денари, за деца и возрасни, и може да се набават на билетарата на Скопје Зоо, секој работен ден, како и за време на настанот.

Нови вести

Huawei ја претстави извонредната HUAWEI P30 серија на настан во Париз 

Igor

Сите ова го правиме, а не знаеме колку е опасно

24info

Со хумано селфи, до многу насмевки: Cooking with Branko организира хуманитарна вечера

Igor