June 28, 2022 06:37
Свет

Нови 11 случаи на мајмунски сипаници во Велика Британија

Агенцијата за здравство на Велика Британија (УКХСА) идентификуваше 11 нови случаи на зараза со мајмунски сипаници, соопшти министерот за здравство Саџид Џавид.

Претходно агенцијата пријави девет случаи од 7 мај.

– УКХСА потврди 11 нови случаи на мајмунски сипаници во Обединетото Кралство. Утрово ги информирав министрите за здравство на Г7 за она што го знаеме досега, напиша Џавид на Твитер.

Тој додаде дека сите случаи се благи и потврди дека земјата купила дополнителни дози вакцини против мајмунски сипаници.

go88 lmhmod

https://sunwin.fan/