December 1, 2021 01:22
Балкан

Нови секси фотки на Хркаловиќ, се нарекла божица на мафијата, а Беливук ја истетовирал до срцето

По неколкуте експлицитни фотографии од поранешната државна секретарка во српската полиција, Дијана Хркаловиќ, во медиумите се појавија и нови снимки од „фаталната полицајка“, кои покажуваат дека МВР го направила жариште на блуд и разврат.

Според соговорниците на „Објектив.рс“, таа состаноците во просториите на МВР ги одржувала многу пати со мамурлак и под дејство на опијати, но и несоодветно облечена за таква институција. Својот кабинет го претворила во фото студио во кое правела селфи фотографии во долна облека, кои ги испраќала на тогашниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, а потоа и до нејзините пријатели од криминалните кругови.

Како што шпекулираат српските медиуми, се претпоставува дека експлицитните фотографии на Хркаловиќ, која беше уапсена во петокот под сомнение дека прикрила докази за убиството на каратистот Властимир Милошевиќ кој бил убиен од Вељко Беливук, исто така се причина за убиство на познат белградски адвокат.

На првите објавени фотографии Хркаловиќ ги покажува танга гаќичките под панталоните, а во новите, таа го подигнува здолништето и ги фотографира нозете во чорапи. Од транскрипт на разговорот на убиениот адвокат Драгослав Мишо Огњановиќ со Драгослав Милорадовиќ Гале, кумот на лидерот на „земунскиот клан“ и еден од водачите на црногорскиот „шкаљрски“ клан, Лука Бојовиќ се спомуваат и фотографии на кои таа е во градник. Прислушуваниот разговор бил одржан на 17 мај 2018 година во белградско кафуле. Милорадовиќ беше убиен само 12 дена по разговорот, а Огњановиќ на 28 јули истата година.

Објектив објави уште поинтересни информации за поранешната државна секретарка, која неколку пати го менувала идентитетот. Во текот на 2019 година, околу еден месец откако го напуштила МВР, таа го сменила името во Ника Рина, што во слободен превод би значело „Божица на мафијата“. Имено, таа го зела името Ника по името на грчката божица на победата Ника, а презимето по еден од најголемите сицилијански мафијаши на сите времиња, Тото Рина.

Таа го користеше ова име во следните четири месеци, а на крајот на ноември 2019 година, таа го врати своето „старо“ лично име Дијана Хркаловиќ. Иако наскоро го врати старото име, Ника Рина остана запаметена во криминалното милје.

Интересно е што Беливук на градите има тетоважа на грчката божица Ника.

Како што објаснува поранешниот разузнавач на Државната безбедност, Божа Спасиќ, не постојат случајности меѓу криминалците, особено не каква што е коинциденцијата на тетоважата на Беливук и името што Дијана Хркаловиќ го избрала за себе.

– Ако некој го земе името на божицата од тетоважата на водачот на криминалниот клан, тогаш тоа јасно зборува за блискоста на тие двајца луѓе и дека нивната врска била многу посилна отколку што може да се замисли. Интересно е што тој како маж истетовирал божица, иако мажите многу ретко тетовираат женски симболи, што е исто така една од пораките за неговата директна врска со Хркаловиќ, со што јасно сакал да испрати порака до противниците колку е моќен и силен, објасни Спасиќ, кој смета дека се било многу синхронизирано за да се заплашат противниците.

 

Поврзани вести

Судот во Стразбур одби да ѝ наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор

Igor

Починаа 12 лица, нови 460 позитивни на Ковид-19

Igor

Пожарот, а не големата брзина или пропустите на магистралата е главна причина за несреќата

Igor

AnimeTV: Little Busters!: EX (Dub) anime episode 8 online free at https://animetv.cc mchia anime tv

Website https://animefreak.ws: Watch Kowarekake no Orgel (Movie) animefreak Episode Full watch animes

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free

The Idol Master Episode 25

Watch anime online for free at GoGoAnime watch anime free