December 9, 2021 01:59
Спорт

Нови победи на Бразил и Аргентина

По одиграни две третини од јужноамериканските мундијалски фудбалски квалификации, Бразил речиси го обезбеди настапот на завршниот турнир идната година во Катар, откако синоќа во рамки на 12. коло триумфираше убедливо над Уругвај со 4:1(2:0).

Лидерот Бразил сега има 31 бодови од 11 натпревари, 15 повеќе од четвртопласираниот Уругвај, кој има одиграно и натпревар повеќе.

Директен пласман во Катар ќе обезбедат првите четирипласирани репрезентации од Јужна Америка и за тоа на Бразил ќе му бидат потребни уште четири бодови од преостанатите седум натпревари.

На чекор до пласман на Мундијалот во Катар дојде и репрезентацијата на Аргентина, која синоќа со 1:0 го совлада Перу во Буенос Аирес.

Резултати 12 коло:

Боливија – Парагвај 4:0 (Рамаљо 21, Виљароел 53, Абрего 84, Фернандез 90+4)

Колумбија – Еквадор 0:0

Аргентина – Перу 1:0 (Лаутаро 43)

Чиле – Венецуела 3:0 (Пулгар 18, 37, Бреретон 73)

Бразил – Уругвај 4:1 (Нејмар 10, Рафиња 18, 58, Габриел Барбоса 83 / Суарез 77)

ТАБЕЛА:

  1. Бразил 11 10 1 0 26-4 31
  2. Аргентина 11 7 4 0 19-6 25
  3. Еквадор 12 5 2 5 20-13 17
  4. Колумбија 12 3 7 2 16-16 16
  5. Уругвај 12 4 4 4 14-17 16
  6. Чиле 12 3 4 5 14-14 13
  7. Боливија 12 3 3 6 17-25 12
  8. Парагвај 12 2 6 4 9-17 12
  9. Перу 12 3 2 7 10-19 11
  10. Венецуела 12 2 1 9 8-22 7