February 3, 2023 21:02
Македонија

Нови дојави за бомби во средните училишта

Попладнево е прекината наставата во повеќе скопски гимназии. Нови дојави за бомби пристигнале во „Владо Тасевски“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“…

Учениците и наставниците кои ја доставија информацијата до 24 инфо велат дека веќе се безбедно евакуирани и дека пристигнале екипите на МВР кои прават детална проверка во објектите.

-Крајно време е на оваков терор да се стави точка. Денеска се прават тестови по повеќе предмети, а наставата е прекината. Губењето од образовниот процес носи најголема штета на учениците, револтирано велат родителите, чии деца веќе се вратиле дома.