February 27, 2021 14:24
Балкан

Нови детали за сексуални злоупотреби во Србија: Наставникот Алексиќ го пријавиле најмалку шест ученички

еесет и осумгодишниот Мирослав Мики Алексиќ, познат сценарист, режисер и сопственик на училиште по глума кој е осомничен за силување и сексуално вознемирување на најмалку шест ученички, се товари дека делата ги извршувал од 2008 до 2020 година.

Како што пишува српски Блиц, од девојките кои досега го пријавиле во полиција (вкупно шест), тој се сомничи дека делата ги извршувал од 2008 до 2013 година и од 2018 до 2020 година. Полицијата се сомнева дека има и други жртви, па ги повика да се охрабрат и да ги пријават случаи во полициските станици.

Според информациите на Блиц, медиумот кој прв објави за овој случај споделувајќи го сведовштвото на актерката Милена Радуловиќ, сега пишува дека на Алексиќ му се ставаат на товар осум поединечни дела за силување. Некои од девојките кои досега го пријавиле ги силувал повеќе пати, а седум пати го извршил кривичното дело сексуално вознемирување.

Мирослав Мики Алексиќ, сценарист и режисер, осомничен за силување

Тамошниот Закон за сексуално вознемирување го дефинира и вербалното, невербалното или физичко вознемирување кое има за цел да го повреди достоинството на лицата во сферата на сексуалниот живот, а предизвикува страв и понижување.

Алексиќ заработи кривична пријава која го терети дека девојките сексуално ги вознемирувал, а некои ги силувал додека биле малолетни. Првото дело кое му се става на товар, се вели дека го извршил во 2008 година.

„Една година подоцна, осомниченот сексуално злоупотребувал уште една девојка. Следната жртва која го пријави наведе дека од 2012 до 2013 година ја нападнал дури четири пати. Исто толку пати, наводно во 2013 година злоупотребил уште една девојка“,

пишува Блиц повикувајќи се на извори од истрагата.

Петтата и шеттата жртва го пријавиле дека ги нападнал од 2018 до 2020 година. Едната во пријавата навела дека во рок од една година Алексиќ ја наднал четири пати, а другата рекла дека сексуално била злоупотребена од нејзиниот наставник еднаш.

Алексиќ во понеделникот беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, каде ја изнесе својата одбрана. Тој, пред обвинителот ги негирал делата кои му се ставаат на товар и нагласил дека „ништо не е точно“, наведува Блиц. По сослушувањето нему му е одреден притвор од 30 дена, со цел да не влијае на сведоци, да не го повтори делото, како и поради тежината на делото за кое се терети. Според српските закони, доколку тој биде прогласен за виновен му се заканува казна од 10 до 15 години затвор.

Случајот во јавноста го обелодени младата актерка Милена Радуловиќ (25), а два дена по нејзиното потресно сведочење во јавност излезе уште една актерка, Ива Илиниќ. Тие сметаат дека со тоа што се доволно познати за српската јавност ќе може да влијаат и да ги охрабрат останатите жртви да ги пријават злоупотребите во полиција.

Актерките добија голема поддршка од колегите, колешките, но и целокупната јавност во Србија. Овој случај наликува на она што пред неколку години се случуваше во САД, кога актерки преку движењето #metoo го обвинија најпознатиот филмски продуцент во Холивуд, Харви Вајнстин, за силување.

That Time I Got Reincarnated as a Slime OAD Episode 5 at AnimeFreak animefreak attack on titan

Watch Yashahime: Princess Half-Demon Episode 14 at website https://animeplanet.cc anime planet manga