June 25, 2022 12:57
Економија

Нови бенефиции од Голдман Сакс за вработените

Голдман Сакс ги објави плановите за воведување нови бенефиции за вработените. Според нив, причината е што многумина среде пандемијата решиле да ги преиспитаат своите кариери, а целта на компанијата е да ги задржи.

Гигантот од Волстрит сега нуди платено отсуство за абортус, а нудат и повеќе време за отсуство, објави Волстрит џурнал.

Според официјалниот допис на компанијата, планирано е и неплатено отсуство за  долгогодишните вработени. Голдман Сакс исто така ги зголемува пензиите, особено за оние кои заработуваат 125.000 годишно или помалку.

Според шефот на одделот за човечки ресурси, Бентли де Бејер, желбата на компанијата е да создаде стимулативни услови за сегашните вработени, како и за оние кои допрва треба да станат вработени.

Големите банки во моментов се борат за таленти, а се обидуваат и да ги спречат последиците од „прегорување” на работа, односно синдром на исцрпеност кај вработените.

Ова прашање стана актуелно за време на пандемијата која ги избриша границите помеѓу работата и домот. Низ целата индустрија, помладите банкари работеа со месеци без воопшто да се видат со колеги.

Студијата спроведена во Голдман Сакс покажа дека помладите аналитичари работат во просек 95 часа неделно, а стресот на работа предизвикува физички и психички непријатности.

Како одговор на нивните искушенија, Голдман Сакс нагалси дека ќе вработи повеќе банкари и ќе постави строги инструкции околу работното време. Иако работата од дома стана стандард за време на пандемијата, Голдман Сакс тврди дека на вработените во јуни им било кажано дека мора да се вратат во канцелариите и дека работата од дома не е долгорочно решение за оваа банка.

Се наведува дека во согласност со новите правила, вработените ќе можат да земат платено отсуство до пет дена за загуба на член од фамилијата и 20 дена за загуба на близок член на семејство.

làm đại lý go88

https://sunwin.fan/