February 17, 2020 07:45
Ракомет

Новиот Суперлигаш Работнички донесе засилување од Украина

Новиот член на ракометната Суперлига, Работнички полека почна да го крои тимот со кој ќе настапи следната сезона.

Од клубот си замина еден од најзаслужните што минатата сезона скопскиот клуб обезбеди пласман во најелитното македонско ракометно натпреварување, Олег Кумогородски. Кумогородски кариерата ќе ја продолжи во Германија, а ќе го замени негов сонародник кој е поранешен украински репрезентативец.

Станува збор за искусниот Сергеј Сулима кој има големо искуство со настапи во Украина и Турција. На Сулима во Работнички ќе му прави друштво уште еден Украинец, Дмитро Полиак кој и следната сезона ќе го носи дресот на Работнички.