January 16, 2022 21:15
Македонија

Новиот протокол со ЕУ со нови поволности за бизнисите за настап на европските пазари

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, а на предлог на министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја донесе Одлуката за предвремена примена на измените на Протоколот за потекло на стоки од Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија со што се обезбедува правна основа за примена на ревидираните преференцијални правила за потекло на стоките од почетокот на месец ноември 2021 година.

Со промените од новите правила за потекло на стоки ќе бидат засегнати сите економски оператори и компании во нашава држава што се занимаваат со извоз. Со оглед на тоа што околу 85% од целокупниот извоз на Република Северна Македонија се врши со земјите-членки на ЕУ и 24-те држави во Пан-Евро-медитеранската зона (ЕФТА, Турција, ЦЕФТА, земјите од Источното партнерство и медитеранските земји), овие нови правила претставуваат своевидна револуција во надворешно-трговската размена. 

Производителите во Северна Македонија ќе добијат големи можности за увоз на суровини без царина од трети земји и извоз на готовите производи во ЕУ, исто така, без царина. Придобивки ќе имаат сите индустрии, но најголеми ќе имаат компаниите што произведуваат технолошко современи производи, особено компаниите од автомобилската индустрија и компаниите во ТИРЗ. Големи погодности ќе имаат и компаниите од прехранбената и преработувачката индустрија.

Новите правила за потекло на стоки им отвораат поголеми можности на компаниите да обезбедат поевтини суровини при создавањето на производите за овие пазари, имајќи предвид дека со оваа одлука се укинуваат царините на суровините за преработка.

Дополнително, со намалување на условот за процентот на додадена вредност од 60% на 50% како домашен придонес во создавањето на производот, се унапредува нивната позиција на странските пазари, стануваат далеку поконкурентни, но истовремено се создаваат услови и за нови странски инвестиции кои добиваат можности за извоз на овие пазари со далеку подобрени услови преку овие нови правила.

 

Овие правила треба да ја олеснат економската интеграција на нашата држава на регионалниот економски пазар  и консолидација и развој на интегрирани синџири на снабдување со земјите од регионот што ги применуваат новите преференцијални правила за потекло. Според анализите што се правени, според новите услови за потекло, нашиот извоз треба дополнително да се зголеми на годишно ниво за 6,3%.

Несомнено е дека интеграцијата на Република Северна Македонија кон Европската унија, но и условите што Владата на Северна Македонија ги обезбедува за поволна клима за развој на овие односи имаат директно влијание на динамиката на развојот на нашата економија, индустрија и насочувањето на нашите трговски односи кон ЕУ.

anime freak tv. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

watch anime online AnimeFreak Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

anime sites AnimeFreak Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

free anime JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

free anime online DARLING in the FRANXX

The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants Episode 6