August 13, 2020 14:08
Македонија

Новинарот Златев обвинет за оддавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против новинарот Љупчо Златев, главен уредник на порталот „Лидер“ за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

-Во текот на првата половина на јули, како главен и одговорен уредник на интернет портал, обвинетиот направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин. Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата национална безбедност. Имено, на 9 јули на интернет порталот и на Фејсбук страницата на тој интернет портал, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“. На 12 јули, пак, на интернет порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“. Во двата текста обвинетиот на јавноста и сторил достапни копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации, велат од ОЈО.

Поврзани вести

Двајца починати, 141 новозаболени со ковид 19

Valentina

Заев го доби мандатот, вети европска, демократска и одговорна влада ослободена од етнички предрасуди

Igor

Браќа педофили од Битола терале малолетнички да снимаат порнографски видеа

Igor