December 4, 2022 20:10
Економија

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 % во однос на одлуката од 22.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,336%, кај дизелот за 2,826%, кај екстра лесното за 2,731% и кај мазутот намалувањето е за 2,066%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,143%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 24.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,046 (денари/килограм)

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor