August 24, 2019 12:07
Македонија

Нова снимка од рис во НП„Маврово“

Возрасен примерок на рис во сета своја грациозност беше фотографиран во националниот парк „Маврово“ со помош на таканаречена фотозамка.

Како што објавија од НП „Маврово“ на својата Фејсбук страница, фотографијата е направена во рамките на проектот на закрепнување на балканскиот рис, што се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво.

Според достапните податоци, неколку десетици балкански рисови, кој важи за високо загрозен вид, живеат во планинските предели на Западна Македонија, особено во националниот парк „Маврово“, но и во Албанија.

(Фото: НП Мавово)

Нови вести

СДСМ: Мицкоски е ист како Груeвски, одобрува хајки против невладини огранизации

zane

Најмногу се чека на Табановце

zane

OJO: Објавувањето на документи од истрагата за „Рекет“ е кривично дело но и мотив за случајот да добие завршница

zane