October 17, 2021 16:32
Балкан

Нова демократија со над 11 отсто повисок рејтинг од СИРИЗА

Грчката владеачка партија Нова демократија е со предност од 11,5, односно 11,2 отсто пред опозициската СИРИЗА, според двете нови истражувања на јавното мислење во Грција спроведени од агенцијата „Pulse” за грчката телевизија „Скај” и агенцијата „ΜRB” за телевизијата „Стар“.

Во однос на пандемијата и процесот на имунизација, од 2.018 лица со право на глас што учествувале во истражувањето за „Скај”, 72 проценти имаат примено најмалку една доза, 11 отсто не се вакцинирани и немаат закажан термин, а 15 проценти одбиле да одговорат.

Од невакцинираните, 53 отсто одговориле дека никогаш нема да се вакцинираат, а како главна причина, 40 проценти од нив, ја навеле загриженоста за несакани дејства од вакцината, за 19 отсто е реакција на притисоците, 16 отсто сметаат дека вакцините не се ефикасни, а 11 проценти рекле дека од религиозни причини нема да се вакцинираат.

Четири од десет испитаници во истото истражување сметаат дека е можен нов целосен локдаун во земјата.

Истражувањето на „Pulse” за грчката телевизија „Скај” било спроведено од 19 до 21септември со вклучени 2.018 лица, додека пак во она на „ΜRB” за телевизијата „Стар” биле анкетирани 1.000 граѓани со право на глас.

Ride Your Wave Episode Full

Megami Paradise Episode 2

AnimeDao: World Conquest Zvezda Plot anime episode 12 online free at https://animedao.nl kissanime animedao

Watch Cinderella Nine Episode 12

About: https://about.me/gogoanimelol

Hikingproject: https://www.hikingproject.com/user/201201328/gogo-animebe