January 16, 2021 22:48
Македонија

Нова година, стари демантирани лаги на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на непотизам и лажни вести

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Нова година, стари лаги на ВМРО лажни вести ДПМНE, партијата која не знае ништо друго освен да шири лаги и дезинформации.
Во очај и безидејност, ВМРО-ДПМНЕ рециклира лажни, одамна демантирани лажни вести за наводен непотизам, а токму оваа партија беше симбол на масовна партизација на администрацијата преку врботувања преку роднински и семејни врски.
За разлика од таквото време на режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес, администрацијата е професионализирана, за сите важат подеднкави услови, а процесите за вработувања се јавни, транспарентни во согласност со законските процедури.
Колку на ВМРО-ДПМНЕ не им се битни граѓните, говори и фактот што оваа партија со месеци шири лажни вести за тоа колку луѓе останале без работа за време на коронавирусот.
Најпрво лажеа дека тоа биле 140.000, па 100.000 граѓани, па потоа велеа дека се 40.000 граѓани, за денеска да излезат со бројка од 55.000 граѓани, а вистината е дека тој број е далеку помал од лагите од белиот дворец.
Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски, лага до лага, пораз до пораз. Затоа се таму каде што се, во опозиција, каде долго ќе останат, затоа што граѓаните одамна не им веруваат на лагите.